вторник, 14. ноември 2023. Вести денес: 0
home Фудбал

Пеп: Фала за газдите што не ме отпуштија и по шест години без овој трофеј!

Пеп: Фала за газдите што не ме отпуштија и по шест години без овој трофеј!

Тренеротна Манчестер Сити Пеп Гвардиола  им даде признание и на противниците и ги пофали своите фудбалери за сите овие успеси.

„Првите мои зборови се за фудбалерите на Интер. Знам како се чувствуваат, но ќе им порачам дека се втора најдобра екипа во Европа, а тоа не е мала работа. Сакам да потсетам дека оваа титула ни значи многу, но ни значат и петте Премиер лига трофеи, ФА Купови, трофеи о0д Карабао Купот и Суперупот, кои сега добиваат на вредност. Сакам да им честитам на сопствениците на клубот, кои беа стрпливи и не ми дадоа отказ по шест години во кои не ја освоив Лигата на шампионите. Слушнав дека Роберто Баџо беше вечерва на трибините. Знам дека беше и на „Вембли“ и на „Олимпико“, кога победив во финалето на Лигата на шампионите. Многу ми е драго за тоа и се надевам дека ќе дојде и на идните. Дефинитивно ми носи среќа“, рече Пеп Гвардиола на прес-конференцијата.