Пеп Гвардиола не успеа да дојде до третиот трофеј во Лигата на шампионите во својата кариера. По финалниот меч со Челзи, Шпанецот кажа дека направил сè за да се совлада противникот, ама, за жал тоа било недоволно.
„Го направив најдоброто со мојата екипа. Имавме проблеми да ги скршиме линиите на Челзи во првиот дел. Вториот дел беше многу подобра. Против дефанзивната игра на Челзи не ни беше лесно. Се мачевме со долгите топки и оние втори додавања. Во такви моменти, потребна ти е инспирација. Одигравме еден неизвесен меч за првпат во финале на Лигата на шампионите. Покажавме храброст, посебно во вториот дел. Противникот направи се и реализира се. Сакам да му честитам на Челзи за извонредната сезона и за натпреварот кој го одигра денес. Во вториот дел заслуживме да дадеме еден гол, но не успеавме.Сега само сакам да одам дома со моето семејство. Долго време не сум ги видел. Потоа ќе дојдам назад во клубот. Ќе бидеме најдобриот клуб во светот во следните години“, изјави Гвардиола.