понеделник, 27. ноември 2023. Вести денес: 0
home Фудбал

Пеп Гвардиола има скап список на потенцијални засилувања

Пеп Гвардиола има скап список на потенцијални засилувања

Англискиот фудбалски шампион ја прослави својата деветта шампионска титула и трета во низа, а управата се чини дека веќе ги прави првите планови за следната сезона и ја подготвува листата на потенцијални засилувања.

Тренерот Пеп Гвардиола е презадоволен од изданијата на своите момци и неколку пати изјави дека оваа сезона е „нешто навистина специјално“.

Шпанскиот стратег веќе има краток список со играчи кои би можеле да го носат синиот дрес на „граѓаните“ догодина, а управата веројатно ќе му ги исполни желбите без никаков проблем.

Клубот ќе мора да внимава и на финансискиот „фер-плеј“, но се очекува работите да се одвиваат без поголеми закочувања.

Англиски „Мирор“ објавува дека Гвардиола како приоритетни засилувања ги посочил Алексис МекАлистер од Брајтон, Џопуа Кимих од Баерн Минхен и Хрватот Јошко Гвардиол од фудбалскиот клуб Лајпциг. З

а сите овие фудбалери Манчестер Сити веројатно ќе потроши огромна сума, а се претпоставува дека тројцата би чинеле нешто над 200 милиони евра.

Оваа сума не би требало да претставува проблем за пребогатите сопственици на „граѓаните“, а летниот преоден рок ќе даде одговор на многу прашања поврзани со новиот изглед на тимот.