среда, 29. ноември 2023. Вести денес: 0
home Фудбал

Пеп Гвардиола потпиша нов договор со Манчестер Сити

Пеп Гвардиола потпиша нов договор со Манчестер Сити

Пеп Гвардиола ќе го продолжи договорот со Манчестер Сити, и ќе го води тимот до јуни 2025 година. Шпанскиот тренер го коментираше потпишувањето на новиот договор.

Гвардиола изјави дека не постои подобро место за него од Манчестер Сити, и се заблагодари на довербата од страна на раководството.

„Многу сум среќен што останувам во Манчестер Сити уште две години. Немам доволно зборови да ја искажам благодарноста до сите во клубот за довербата. Се чувствувам добро и удобно тука. Имам се што ми треба да ја работам работата најдобро што можам. Знам дека следното поглавје за клубот ќе биде неверојатно. Така беше и во последните 10 години, така ќе биде и следните затоа што овој клуб е многу стабилен. Од првиот дел почувствував нешто посебно тука. Нема подобро место за мене, и имам чувство дека заедно можеме да постигнеме уште многу повеќе“, изјави Шпанецот.