вторник, 7. ноември 2023. Вести денес: 0
home Фудбал

Пеп жестоко одговори на обвинувањата од Јаја Туре за расизам

Пеп жестоко одговори на обвинувањата од Јаја Туре за расизам

Менаџерот на Манчестер Сити, Пеп Гвардиола кратко одговори на обвинувањата од својот поранешен играч, Јаја Туре.

Туре, веднаш по завршувањето на договорот со Сити, го обвини Гвардиола дека е расист и оти не сака Африканци.

Во тоа интервју Туре наведе дека кај Пеп ретко може да се види многу Африканци во екипата и оти тоа најверојатно е еден од причините зашто тој не доби голема минутажа кај Шпанецот.

Пеп ја отфрли можноста за какви било расистички основи во своето бирање на екипата и рече дека тоа што го кажа Туре е голема лага.

-Тоа е лага и тој (Јаја Туре) тоа го знае. Поминавме две години (во Сити) заедно и сега се реши тоа на сите да им го каже, а никогаш тоа ми го кажа во лице, изјави Гвардиола за шпанскиот портал Спорт.

Шпанецот исто така рече дека никогаш нема да се врати во Барселона, и оти причина за неговото заминување од Каталонија било чувството на „испразнетост“, па сакал да оди некаде на друго место и таму да се докаже.