петок, 24. ноември 2023. Вести денес: 0
home Фудбал

Пирло откри каков план има со Роналдо за сезонава

Пирло откри каков план има со Роналдо за сезонава

Јувентус на најдобар начин го стартуваше походот кон јубилејната 10-та титула во низа во Серија А. Италијанскиот гигант со 3:0 славеше против Сампдорија, во мечот кој имаше посебно значење за тренерот на Старата дама. Легендарниот фудбалер Андреа Пирло за првпат беше како предводник од клупата и се израдува на триумф.

Пирло вели дека многу добро се согласува со играчите и тоа е многу важно.

-Пред пет години бев на теренот како играч и точно знам колку е важно да има добра комуникација меѓу тренерот и фудбалерите. Стратегот мора перфектно да ги познава сите играчи. Против Сампдорија одигравме одлично прво полувреме и штета е што не успеавме да дадеме повеќе од еден гол. Како што доаѓаше крајот, играчите беа сè поуморни, но продолжија да ја контролираат ситуацијата на теренот и да напаѓаат. Задоволен сум од прикажаното, но треба да продолжиме да работиме, рече Пирло.

Новиот стратег вели дека нема да копира ничии идеи туку самиот ќе ја крои тактиката. Откри дека планира да му дава одмор на Роналдо, и тоа кога Португалецот ќе почувствува замор.

-Разговарам во Кристијано и мислам дека ќе треба да добива време за одмор. Сега е свеж, но се работи за старт на сезоната. Понекогаш, кога ќе имаме полесни мечеви, ќе го штедиме Роналдо. Тој е многу интелигентен играч и одлично го познава своето тело. Затоа кога ќе почувствува замор, ќе го намали темпото, откри Пирло.