Фудбалскиот сојуз на Португалија не може да се помири со поништениот гол на Кристијано Роналдо и со исходот од натпреварот против Србија во Белград, па затоа одлучи да ја продолжи борбата за правда на институционално ниво.
Куќата на фудбалот на оваа земја денеска испратила протестна нота до седиштето на УЕФА во Нион, против холандскиот судија Дани Макели и неговите помошници, кои не видоа дека топката ја минува гол-линијата.
Според информацијата, Португалија бара остри казни за судиите, како и итно воведување на ВАР системот и технологијата на голови во продолжението на квалификациите за пласман на СП во Катар 2022 година.