недела, 10. декември 2023. Вести денес: 0
home Фудбал

Повреда на Левандовски, го пропушта мечот со ПСЖ

Повреда на Левандовски, го пропушта мечот со ПСЖ

Најдобриот стрелец во Европа во моментов Роберт Левандовски ќе го пропушти натпреварот меѓу Полска и Англија во третото коло од мундијалските квалификации, но најверојатно нема да игра ниту за Баерн Минхен во мечот со ПСЖ во четвртфиналето од Лигата на шампионите.

Полскиот фудбалер постигна два гола против Андора, но во текот на мечот се пожали на болки во коленото.

Првите проценки се дека ќе мора да паузира десетина дена што значи дека нема да биде во кобинација за натпреварот со ПСЖ.