недела, 17. декември 2023. Вести денес: 0
home Фудбал

Познат наследникот на седмицата на Роналдо: Капитенот Рамос откри кој фудбалер ќе ја има таа чест во Реал Мадрид (ФОТО)

Познат наследникот на седмицата на Роналдо: Капитенот Рамос откри кој фудбалер ќе ја има таа чест во Реал Мадрид (ФОТО)

Кристијано Роналдо го напушти Реал Мадрид, со што се заврши една ера во најтрофејниот клуб во Европа.

Роналдо премина во Јувентус и остави испразнето место во тимот, а со тоа и славниот дрес со бројот седум.

Јавноста очекуваше дека кралскиот клуб ќе успее во намерата да го доведе Еден Азар од Челзи и да му ја даде седмицата на Роналдо, но од тоа нема ништо, затоа што наследникот на Кристијано веќе е избран. Тоа во разговор за „Диарио Гол“ го откри капитенот на Реал Мадрид, Серхио Рамос.

-Седмицата му припадна на Марко Асенсио.

Во Реал имаат големи надежи за 22 годишниот крилен напаѓач, па не чуди што му ја укажаа честа да го наследи дресот на Роналдо. Асенсио досега го носеше дресот со број 20.