Спортскиот директор на Јувентус, Федерико Церубини, објави дека Кристијано Роналдо ќе остане во Торино и следната сезона.
Како и многу приказни ова лето, приказната на Кристијано Роналдо имаше неколку завршетоци.
Спортинг се надеваше дека ќе може да го врати играчот кој ги направи првите чекори во тој клуб, Манчестер Јунајтед исто така сакаше да ја врати својата поранешна sвезда, па дури и Реал Мадрид се распрашуваше за можен трансфер на овој играч.
Федерико Церубини ги разнесе сите клубови со една изјава.
– Во моментов не добиваме сигнали од страната на Роналдо дека тој би сакал да го напушти овој клуб, а исто така не сакаме да се разделиме со него. Среќни сме што Кристијано ќе остане со нас и следната сезона.