четврток, 16. ноември 2023. Вести денес: 0
home Фудбал

Познато е кој е новиот тренер на Олимпик Марсеј

Познато е кој е новиот тренер на Олимпик Марсеј

Аргентинскиот фудбалски стратег Хорхе Сампаоли е назначен за нов тренер на прволигашот Олимпик Марсеј, јавија денеска француските медиуми.

Сампаоли на „Велодром“ доаѓа од редовите на Атлетико Минеиро, предводејќи го бразилскиот прволигаш од март минатата година.

Својот последен натпревар на клупата на Атлетико Минеиро, 60-годишниот Сампаоли ќе го има в четврток, во последното првенствено коло против Палмеирас, по што Аргентинецот ќе се пресели во Марсеј како наследник на Андре Вилас-Боаш.

Францускиот прволигаш на почетокот на овој месец му врачи отказ на Вилас-Боаш, откако португалскиот тренер на конференција за новинари ги критикуваше спортскиот директор и клупското раководсво незадоволен од нивното ангажирање во текот на јануарскиот трансфер пазар на фудбалери. (МИА)