Екипата на Наполи одново ги загрижи своите фанови, бидејќи пред дуелот од последното коло во Лигата на Европа објави нови позитивни случаи на коронавирусот.
Се работи за дефанзивците Елсеид Хисај и Амир Рахмани, кои по вторпат добија позитивни тестови на ковид-19, откако претходно беа во изолација. Клубот најави дека двајцата се изолирани и нема останати позитивни.
„На тестирањата вчера сите членови на првиот тим добија негативни тестови на ковид-19, освен Амир Рахмани и Елсеид Хисај. Тие се повторно позитивни и веднаш беа изолирани од тимот, чекајќи резултати на повтореното тестирање“, напишаа од Наполи.
„Партенопеите“ вечерва го дочекуваа Реал Сосиедад на стадионот „Диего Армандо Марадона“, каде Елиф Елмас и колегите со реми (1-1) го задржаа првото место.
Извор: Гол.мк