Францускиот фудбалски шампион Пари Сен Жермен тргна кон Хари Кејн, откако му понуди 100 милиони евра на Тотенхем за да го откупи ова лето, известува француски РМЦ.
Наводно, претставници на „светците“ веќе разговарале и со Даниел Леви, претсдателот на Тотнем и со Кејн. Соопштиле што имаат да понудат и оставиле неколку дена да донесат одлука, што ќе рече, во текот на идната недела би можела да се очекува разврска.
Ова доаѓа неколку дена откако Тотнем ја одби и втората понуда од Баерн Минхен, висока 80 милиони евра, потсетувајќи дека не планира да продава под „стотка“.
Баерн беше главноит аспирант за услугите на Кејн, па дури се споменува дека напаѓачот се договорил за плата од 12 милиони евра по сезона, но со вмешувањето на ПСЖ работите се сменија.