Maнчестер Јунајтед доживеа дебакл на домашен терен, откако загуби од Ливерпул (0:5). Навивачите на „црвените ѓаволи“ очекуваа нивните миленици да ги запрат „црвените“, но место тоа доживеаа тежок пораз на свој терен. Во овој натпревар потфрли и Роналдо кој беше нервозен поради резултатот, па во еден момент имаше и неспортски потег во дуелот со Џонс.
По ваквиот исход на „црвените ѓаволи“ медиумите на Островот почнаа со анализа за ситуацијата во соблекувалната. „ЕСПН“ објави дека атмосферата не е баш идеална и дека некои играчи не се во добри односи.
Издвоени беа Кристиано Роналдо и Мејсон Гринвуд за кои „ЕСПН“ тврди дека немаат никаков однос на теренот. Роналдо и Гринвуд ретко соработуваат. Наводно, Роналдо сака од Гринвуд да игра повеќе на крилната позиција и да биде тој кој него ќе му асистира, но младиот играч на Јунајтед во досегашните натпревари покажа дека е и одличен стрелец и често ги завршува акциите.
Едно е јасно, следниот тренер во Јуанјтед ќе има големи проблеми со ѕвездите во соблекувалната, очигледно досега Солскјер не успеа да воспостави рамнотежа , ниту да се справи со ситуацијата како во тимот меѓу играчите, така и на теренот.
Solskjaer is struggling to get Ronaldo and Greenwood to link up, sources have told @MarkOgden_ 😬 pic.twitter.com/LxG7XfIzDp
— ESPN UK (@ESPNUK) October 25, 2021