недела, 3. март 2024. Вести денес: 0
home Фудбал

Рангник: Ова е најдоброто нешто од Роналдо откако сум во Јунајтед

Рангник: Ова е најдоброто нешто од Роналдо откако сум во Јунајтед

Менаџерот на тимот на Манчестер Јунајтед, Ралф Рангник е воодушевен од изведбата на Кристијано Роналдо на мечот со Тотенхем.

Португалецот ги постигна сите три гола за својот тим во триумфот од 3:2 над Тотенхем, и со тоа стана најдобар стрелец во историјата со 807 погодоци.

„Сазлуживме да победиме. На два пати противникот ни изедначуваше, но Роналдо вечерва беше фантастичен. Одлично тренираше во последните неколку дена, решивме да биде стартер, а тој ни возврати со прекрасна изведба. Ова е најдоброто нешто од него откако сум дел од Јунајтед. Ова за нас веројатно беше најдобрата изедба против силен противник во последните неколку месеци  – изјави Рангник.