четврток, 9. ноември 2023. Вести денес: 0
home Фудбал

Распад-систем поради Роналдо: Игра зашто мора, а сите страдаат

Распад-систем поради Роналдо: Игра зашто мора, а сите страдаат

Дебаклот на Манчестер Јунајтед против Ливерпул и натаму е главна тема во англиските медиуми.

Тие се натпреваруваат кој повеќе ќе го притисне премиерлигашот, а не го штедат ни Кристијано Роналдо по чие доаѓање почнаа лошите резултати на екипата. Точно е дека постигна шест гола, но Јунајтед загуби од Јанг Бојс, потоа од Вест Хем и во неделата од Ливерпул и веќе има големо заостанување во однос на водечките екипи, а тешките натпревари допрва претстојат. Весникот Гардијан жестоко го искритикува Португалецот за кого смета дека е голем товар за екипата.

„Никој не смее да помисли дека Оле Гунар Солскјер е единствен проблем во Јунајтед. Одамна се знае дека тој не е тренер како Пеп Гвардиола, Јирген Клоп или Томас Тухел, но факт е дека не му помогнаа ни оние над него. Лани Јунајтед против ваков Ливерпул ќе се собереше на својата половина и ќе чекаше контранапад. Сега не може така поради Роналдо.

Тој мора да игра бидејќи е Кристијано Роналдо. Не нуди ништо во дефанзивната фаза затоа што е Кристијано Роналдо. Не е доволно подвижен за со него да може да се игра висок пресинг, има 36 години и не може да го следи тоа. Неговите голови, како оној против Аталанта можеби ќе донесат некои резултати, но тоа е како тапет со кој сакате да ги скриете дупките во ѕидот кој треба да се сруши во секој момент“, анализира Гардијан.

Весникот анализира дека оваа сезона за Јунајтед е загубена кога станува збор за Премиер лигата, но не може да се исклучи дека екипата ќе триумфира во Лигата на шампионите или ФА Купот.