Иако битката за можеби најважниот трофеј во клупскиот фудбал се уште е во полн ек, а Реал Мадрид е тимот кој после вчерашната победа на Баерн Минхен е чекор поблиску од својот противник до финалниот меч во Киев, сепак од кралскиот клуб веќе почнуваат размислуваат за засилувањата за наредната сезона.
Како што известуваат англиските медиуми раководството на Реал Мадрид во летниот преоден рок ќе се обиде да ги ангажира најдобрите играчи на Манчестер Сити оваа сезона, Кевин Де Бруин и Лерој Сане.
Се шпекулира дека актуелниот шампион е подготвен на англискиот шампион да му понуди 245 милиони фунти, од кои 175 би биле за Белгиецот, а 70 за Сане.
Сепак, како што пишуваат медиумите тешко да дојде до овие трансфери. Имено, проблем кај Де Бруин претставува неговиот договор кој е со важност до 2023 година, додека понудата за Сане воопшто нема ниту да биде разгледана од Манчестер Сити.