Полскиот фудбалер Роберт Левандовски со двата гола во победата на Баерн против Штутгарт од 5-0, вечерва успеа да го израмни рекордот на легендарниот голгетер на баварците, Герд Милер.
Левандовски досега во тековната календарска година (2021) има постигнато 42 гола во германското првенство што е практично повторување на рекордот поставен од Милер во 1972 година.
До крајот на годината, Баерн ќе има уште еден првенствен натпревар против Волфсбург на 17 декември и шанса за Лева да дојде до уникатно постигнување кое ќе остане запишано во историјата на баварскиот гигант.