среда, 29. ноември 2023. Вести денес: 0
home Фудбал

Рома без шут во гол во Леверкузен до второ финале по ред во Европа

Рома без шут во гол во Леверкузен до второ финале по ред во Европа

Италијанскиот фудбалски тим Рома дојде до второ финале по ред во Европа, сега во второто по ранг натпреварување Лига Европа, во типичен свој стил – без шут во рамките од голот во Леверкузен.

Рома дојде против Баер Леверкузен да го одбрани голот предност од Рим пред една недела и успеа во тоа. На четата на Мурињо не ѝ требаше повеќе, па римјаните сѐ им препуштија на „фармацевтите“, кои имаа и посед, шутнаа дури 22 пати, седум во рамките од голот, ама негативата не успеаа да ја достигнат, барем да се изборат за продолженија.

„Волчицата“ за безмалку сто минути имаа само еден шут вкупно, единствен надвор од голот, па тактиката на Мурињо, цврстината и сигурноста на целиот тим донесе реми за вкупна победа.

Рома ќе се бори за својот втор пехар по ред откако лани во мај ја освоија Конференциската лига.