вторник, 7. ноември 2023. Вести денес: 0
home Фудбал

Рома со провокација го пречека Роналдо- еве како најголемиот ривал на Јувентус му посака добредојде на најдобриот (ФОТО)

Рома со провокација го пречека Роналдо- еве како најголемиот ривал на Јувентус му посака добредојде на најдобриот (ФОТО)

Само неколку минути откако Јувентус го потврди трансферот на Кристијано Роналдо, Рома на Твитер на интересен начин му посака добредојде на Португалецот.

На официјалниот профил, римскиот клуб, кој е еден од најголемите ривали на Јувентус, постави фотографии од Франческо Тоти и Лионел Меси со порака:

„Кралот на Рома и најдобриот на сите времиња“

Како ли ќе реагира Кристијано Роналдо на оваа провокација останува да видиме.