Кристијано Роналдо уште рано изутрина пристигнал во тренинг центарот на Манчестер јунајтед, се чини дека казната дополнително го мотивира Португалецот.
Тен Хаг го исфрли Роналдо од тимот за натпреварот со Челси, а се верува дека Португалецот ќе биде казнет и со еден милион евра. Тоа е максималната парична казна која може да ја добие.
Кристијано синоќа преку соопштение ја призна вината и најави дека ќе се бори да се врати во тимот.
А информациите велат дека денеска во 8:30 часот се појавил на тренинг, тој ќе работи со составот на Манчестер јунајтед до 21 година.
Роналдо ќе тренира со младинците се додека Тен Хаг не одлучи да го врати во првиот тим. Тоа би можело да се случи по натпреварот со Челси, но се ќе зависи од расположението и идеите на стратегот.