вторник, 12. декември 2023. Вести денес: 0
home Фудбал

Роналдо доби нова награда и израмни рекорд на Руни

Роналдо доби нова награда и израмни рекорд на Руни

Португалскиот репрезентативец Кристијано Роналдо по враќањето во Манчестер јунајтед веднаш почна да добива награди.

Роналдо одигра три меча, и тоа против Њукасл постигна два гола, а беше стрелец и против Вест хем, па само Астон вила ја зачува мрежата од Португалецот.

Во конкуренција за избор на фудбалер на месецот беа и Жоао Кансело, Антонио Рудигер, Исмаила Сар и Мохамед Салах, но Роналдо ја победи конкуренцијата.

За Роналдо ова е петти пат во кариерата да биде избран како фудбалер на месецот во Премиерлигата и така се израмни со Вејн Руни, кој досега беше единствен играч на „црвените ѓаволи“ со пет такви награди.