понеделник, 1. јануари 2024. Вести денес: 0
home Фудбал

Роналдо дојде до 503. првенствени голови

Роналдо дојде до 503. првенствени голови

Португалскиот фудбалски репрезентативец Кристијано Роналдо ги постигна синоќа сите четирите голови во гостинската победа на Ал Наср над Ал Вехда (4-0) на натпревар од 16. коло од саудиското првенство со што дојде до бројката од 503 лигашки голови во кариерата.

Португалецот го постигна првиот гол во 21 минута, вториот 19 минути подоцна, а потоа во продолжението уште два пати беше прецизен во 53 и 61 минута.

Роналдо зад себе има три голови во кариерата во дресот на Спортинг од Лисабон, 103 (84+19) Манчестер јунајтед, 311 за Реал Мадрид, 81 за Јувентус и пет во дресот на саудиски Ал Наср.

На вкупно 955 натпревари во сите конкуренции Роналдо има постигнато 706 голови.