среда, 13. декември 2023. Вести денес: 0
home Фудбал

Роналдо е убедливо најплатениот фудбалер: Познато е колку ќе заработува во Јувентус

Роналдо е убедливо најплатениот фудбалер: Познато е колку ќе заработува во Јувентус

Кристијано Роналдо е убедливо најплатениот фудбалер во Серија А и заработува три пати повеќе од следниот на листата, Гонзало Игуаин, објавува новиот извештај на
италијанскиот „Тутоспорт“.

Португалската ѕвезда направи трансфер од 100 милиони евра од Реал Мадрид и уште нема постигнато гол во првите три натпревари за Јувентус, привлекувајќи доста критики
од дел од навивачите.

Листата на најдоброплатени фудбалери во Серија А беше очекувана, но сепак, изненадува што 33-годишниот ветеран заработува 31 милиони евра годишно, а има четиригодишен договор, трипати повеќе од Гонзало Игуаин, кому Милан оваа сезона ќе му исплатат 9.5 милиони по сезона.

По Игуаин, следува неговиот аргентински сонародник Пауло Дибала на 7 милиони евра, а Миралем Пјаниќ со новиот договор има 6.5 милиони евра плата.