четврток, 29. февруари 2024. Вести денес: 0
home Фудбал

Роналдо ги надмина и своите очекувања – сруши многу важен рекорд

Роналдо ги надмина и своите очекувања – сруши многу важен рекорд

Напаѓачот на Португалија и Манчестер јунајтед, Кристијано Роналдо е среќен за неговиот рекорд по голови за националниот тим.

-Не можам да најдам зборови! Воодушевен сум од оваа неверојатна сензација! Напред Португалија!

Од сите рекорди што ги срушив во кариерата, за среќа, беа неколку, овој е посебен за мене, дефинитивно е меѓу оние достигнувања на кои сум навистина горд.

Прво, затоа што за мене секој пат кога ја претставувам земјата е посебен момент, бидејќи знам дека ги штитам боите на Португалија и на светот му покажувам од што се направени Португалците.

Второ, репрезентативните турнири секогаш имаа големо влијание врз мене кога растев гледајќи ги моите идоли како играат под знамињата на нивните земји на Европските и сèветските првенства секое лето.

Конечно, и што е најважно, постигнувањето 111 гол за Португалија се 111 моменти на универзално единство и среќа за милиони Португалци низ светот. Секоја жртва за нив вреди.

Друга причина зошто толку го ценам ова достигнување е што Али Даи ја постави лентата на толку високо ниво што во одреден момент дури и јас почнав да мислам дека никогаш нема да го соборам неговиот рекорд (109 голови). Честитки за чувањето на рекордот толку долго. Му благодарам што ми покажа почит секој пат кога постигнав гол, се поблиску и поблиску до неговиот извонреден резултат.

Благодарам Португалија. Им благодарам на сите мои соиграчи и противници што го направија ова патување толку незаборавно. Да ги продолжиме нашите состаноци на теренот во наредните години! Уште не сум завршил,  напиша Роналдо на Инстаграм.

Роналдо вчеравечер постигна два гола против Ирска и сега има рекордни 111 гол за португалската репрезентација. (МИА)