Напаѓачот на Јувентус, Кристијано Роналдо се искачи на второто место по бројот на одиграни натпревари во историјата на европските натпреварувања. Неговиот тим синоќа го совлада Атлетико Мадрид со 1:0 во дуел од Лигата на шампионите.
Португалскиот фудбалер има 175 натпревари на европските клупски натпреварувања. Според овој индикатор, тој го помина легендарниот играч на Милан, Паоло Малдини која застана на 174.
Пред Роналдо, на оваа листа се наоѓа само Икер Касиљас, поранешниот голман на Реал и Порто кој 188 пати има настапувано во евро-куповите.