недела, 4. февруари 2024. Вести денес: 0
home Фудбал

Роналдо ја доби наградата „Марка легенда“, Георгина блесна покрај него (ФОТО)

Роналдо ја доби наградата „Марка легенда“, Георгина блесна покрај него (ФОТО)

Кристијано Роналдо ја доби престижната награда „Марка легенда“ која ја доделува популарниот спортски медиум од Шпанија.

Причина за неговиот избор е феноменалната кариера како фудбалер и популарноста која ја остварува надвор од терените во светски рамки.

„Оваа награда ќе добие посебно место во мојот музеј. Мадрид е посебен. Токму ова е награда за тоа што го направив тука. Им се заблагодарувам на сите што ми помогнаа да стигнам тука. Горд сум на постигнатото. Се надевам дека набрзо ќе се вратам во Мадрид“, рече португалскиот ас на денешната презентација.

Покрај Роналдо на церемонијата присутни беа девојката Георгина Родригез, агентот Жорге Мендес и претседателот на Реал Мадрид, Флорентино Перез.

Претходно оваа награда ја добиле легенди како Рафаел Надал, Мајкл Џордан, Марк Маркез, Пау Гасол, Мајкл Фелпс, Усаин Болт, Роџер Федерер, Лионел Меси, Марадона, Раул, Пеле и Паоло Малдини.

Португалецот, кој моментално настапува во Јувентус, е рекордер по бројот на погодоци во Лигата на шампионите (127), во Мадрид постигна 451, за Португалија реализира во 88 наврати и досега освоил пет „Златни топки“.

 

Извор: Гол.мк