петок, 10. ноември 2023. Вести денес: 0
home Фудбал

Роналдо: Ќе одиграм уште една сезона, а потоа ќе размислам

Роналдо: Ќе одиграм уште една сезона, а потоа ќе размислам

Португалскиот фудбалски репрезентативец Кристијано Роналдо не планира да се пензионира барем уште една сезона, иако веќе има 38 години.

Роналдо воодушевува со неговите настапи за Ал Наср, а во разговор со новинарите откри дека планира да игра уште една сезона, по што ќе размисли дали ќе остане на теренот.

„Навивачите ме прават среќен и јас одговарам на нивната поддршка. Ќе играм и следната сезона, а потоа ќе размислам. Телото ќе ми каже дали може да продолжам или не“, кажа Роналдо.

Португалецот оваа сезона одигра 12 натпревари за Ал Наср и постигна 12 голови и шест асистенции.