петок, 17. ноември 2023. Вести денес: 0
home Фудбал

Роналдо ќе потпише СЕДУМГОДИШЕН договор со Ал-Наср и Саудиска Арабија!?

Роналдо ќе потпише СЕДУМГОДИШЕН договор со Ал-Наср и Саудиска Арабија!?

Кристијано Роналдо е на чекор да потпише досега невиден договор во светот на фудбалот. Последните извештаи од Шпанија велат дека искусниот напаѓач наскоро ќе стави потпис на договор од 175 милиони фунти годишно со Ал Наср и Саудиска Арабија.

Се очекува договорот да важи неверојатни седум години. Португалската суперѕвезда во следните две и пол години ќе биде играч на Ал Наср, а потоа ќе ја преземе амбасадорската улога и неговата плата ќе се зголемува со текот на времето. Роналдо беше поврзуван со овој клуб од Саудиска Арабија и пред Светското првенство во Катар во 2022 година, но одби да коментира на таа тека, бидејќи беше фокусиран на Мундијалот.

Дел од неговата амбасадорска улога ќе биде да ѝ помогне на арапската земја, заедно со Египет и Грција, во нивната кандидатура за Светското првенство во 2030 година.

37-годишниот Роналдо повеќе од еден месец е во потрага по нов клуб, откако Манчестер Јунајтед реши да му го раскине договорот по неговото шокантно интервју за Пирс Морган.