понеделник, 29. јануари 2024. Вести денес: 0
home Фудбал

Роналдо на тренинг со младинците на Манчестер Јунајтед (ВИДЕО)

Роналдо на тренинг со младинците на Манчестер Јунајтед (ВИДЕО)

Менаџерот на Манчестер јунајтед, Ерик Тен Хаг реши да го суспендира Кристијано Роналдо и да го остави надвор од првиот тим поради неговото предвремено заминување од натпреварот со Тотенхем.

Португалската ѕвезда нема да биде во комбинација за дуелот со Челси во саботата како дел од казната за неговиот непрофесионален потег. Кристијано денеска се упатил во тренинг-центарот „Керингтон“ за да тренира со младинскиот тим до 21 година.

Првиот тим има тренинг подоцна во текот на денот.