Фудбалерот на Манчестер Јунајтед и репрезентативец на Португалија, Кристијано Роналдо пред натпреварот со Македонија имаше време да проговории за неговата иднина.
Голем дел од медиумите во последно време пишуваат дека Роналдо би можел да си оди од клубот по крајот на оваа сезона, посебно ако Манчестер Јунајтед не успее да обезбеди пласман во Лигата на шампионите.
Сепак, Португалецот истакна дека во моментов се чувствува многу добро и ужива во фудбалот и најави дека тој сам ќе одлучи што ќе се случува со неговата иднина.
– Уживам во фудбалот и се уште се чувствувам корисен за клубот и за националниот тим. Ќе одлучам што ќе правам кога јас ќе сакам.
– Ако сакам да играм повеќе натпревари, ќе играм. Ако не се чувствувам подготвен за игра, нема да играм повеќе. Тоа е тоа, -изјави Роналдо.