среда, 13. декември 2023. Вести денес: 0
home Фудбал

Роналдо по новото признание: Не ми се важни индивидуалните награди

Роналдо по новото признание: Не ми се важни индивидуалните награди

Ѕвездата на Јувентус, Кристијано Роналдо увери дека титулите со тимот се поважни од индивидуалните признанија.

– Не ми се важни индивидуалните награди. Најважно е да му помагам на тимот да освојува трофеи. Не секогаш размислувам за тоа да подобрувам рекорди. Играм за тимот и сакам да бидам во најдобра форма. Со секоја измината година техничкото, тактичкото и физичкото ниво на тимовите се зголемува и да победуваш станува се потешко. Затоа треба многу работа, за да бидам на врвот, прокоментира Роналдо, цитиран од весникот „Рекорд“.

Голгетерот беше избран за „Спортист на годината“ во Португалија во анкетата на предметниот весник.