Подготовките во пресрет новата сезона за Ал Наср и Кристијано Роналдо не започнаа најдобро. Саудискиот тим претрпе дебакл од Селта која триумфираше со 5-0 во натпревар во кој португалскиот ас настапи само во првото полувреме, а петте кола на противникот ги проследи од трибините.
Сепак поразот од шпанскиот тим е најмал проблем за Роналдо кој може да се најде во сериозен конфликт со брендот кој го спонзорира – „Најк“.
Имено, на социјалните мрежи се појави фотографија од костробраните на Роналдо кои се од маракта „Адидас“ што е сериозен конлфикт за компанијата која го спонзорира со десетгодишен договор вреден 170 милиони евра. Германската компанија притоа не е ниту спонзор на Ал Наср.
Cristiano Ronaldo risks Nike contract breach after appearing to wear Adidas shin pads during Al Nassr's 5-0 loss to Celta Vigo… despite his £147million deal with their rivals https://t.co/C0sizex70K
— Amiir Abbas (@AmiirAbbas3) July 20, 2023