недела, 31. декември 2023. Вести денес: 0
home Фудбал

Роналдо се поблиску до трансфер во Челзи

Роналдо се поблиску до трансфер во Челзи

Челзи ја подготвува првата официјална понуда за ѕвездата на Манчестер Јунајтед, Кристиано Роналдо.

Според медиумите на Островот, „сините“ се спремни да понудат 14 милиони фунти за Роналдо, кој исистира да го напушти „Олд Трафорд“.

37-годишниот Роналдо има договор со „црвените ѓаволи“, но сака да се пресели во клуб каде ќе може да игра во Лигата на шампиони.

Минатиот месец новиот сопственик на Челзи, Тод Боели имал средба со агентот на Роналдо, Жорге Мендеш и сега „сините“ спремаат понуда.

Манчестер Јунајтед нема да му стои на патот и е спремен да го пушти Роналдо, но сака да си ги врати парите кои минатото лето ги плати за него, односно 17 милиони фунти.