Кристијано Роналдо посетата на Манчестер за натпреварот од Лигата на шампионите меѓу Јунајтед и Јувентус ја искористи да се сретне со поранешниот тренер сер Алекс Фергусон.
Двајцата соработуваа во Манчестер јунајтед шест сезони.
– Голем тренер и неверојатно добар човек. Ме научи на многу работи на теренот и надвор од него. Се радувам што го гледам во добра форма, истакна Роналдо по средбата.
Роналдо играше 90 минути на натпреварот и не постигна гол, но Јувентус го совлада Јунајтед на „Олд Трафорд“ благодарение на победничкиот погодок на Пауло Дибала во 17-та минута. (МИА)