четврток, 9. ноември 2023. Вести денес: 0
home Фудбал

Роналдо снимен како ја исмејува тактиката на тренерот по голот на Ливерпул (видео)

Роналдо снимен како ја исмејува тактиката на тренерот по голот на Ливерпул (видео)

Манчестер Јунајтед го доживеа еден од најтешките порази во историјата, кога во неделата кога Ливерпул го декласираше на Олд Трафорд со 5:0, а Роналдо беше фрустриран во поголемиот дел од натпреварот, што го покажува неговата реакција по еден од головите на Мохамед Салах.

На видеото кое се појави додека играчите на Ливерпул го славеа голот, Роналдо беше во преден план и бесно мафташе со рацете.

На почетокот не беше сосема јасно што мисли Роналдо со движењата со раката, но на социјалните мрежи се појави интересно видео кое го споредува неговиот гест со оној на Оле Гунар Солскајер, додека им дава инструкции на своите избраници.

Многумина мислат дека Португалецот го исмејувал својот менаџер, кој е пред отказ по серијата лоши резултати, а Роналдо по натпреварот се огласи на Инстаграм каде објави пркосна порака.

Понекогаш резултатот не е онаков каков што сакаме. Ние сме виновни за ова, не можеме да обвинуваме никој друг. Нашите навивачи уште еднаш беа фантастични и ни даваа константна поддршка. Тие заслужуваат подобро од ова, а ние треба тоа да им го овозможиме. Дојде време за тоа, оптимистички изјави Роналдо.

Манчестер Јунајтед се наоѓа на седмото место во Премиер лигата со 14 бодови, осум помалку од лидерот Челзи.