вторник, 7. ноември 2023. Вести денес: 0
home Фудбал

Роналдо со емотивна порака се прости од Реал Мадрид

Роналдо со емотивна порака се прости од Реал Мадрид

Реал Мадрид и Јувентус попладнево го официјализираа трасферот на векот – Кристиано Роналдо е играч на Јувентус за 105 милиони евра.

Веднаш откако беше официјализиран трансферот, официјалниот сајт на Реал Мадрид ја објави прошталната порака на Роналдо.

Во емотивната порака Португалецот признава дека сам побарал да биде прифатена понудата бидејќи сакал да ја промени средината, но акцентира дека годините поминати во Мадрид биле најубави во неговиот живот.

-Годините поминати во Реал и во Мадрид веројатно се најсреќни во мојот живот. Имам само чувство на огромна благодарност кон овој клуб и овој град. Сакам да им се заблагодаран на сите за љубовта која ми ја дававте сите овие години. Сепак верувам дека дојде време да отворам нова фаза во мојот живот и затоа јас сам побарав од клубот да го прифати моето заминување. Поради тоа ги молам сите луѓе во клубот, особено навивачите да ја разберат мојата одлука, вели Роналдо во соопштението.