сабота, 18. ноември 2023. Вести денес: 0
home Фудбал

Роналдо: Уште долго ќе играм за Португалија, очекувајте уште многу голови

Роналдо: Уште долго ќе играм за Португалија, очекувајте уште многу голови

Најдобриот португалски фудбалер на сите времиња, Кристијано Роналдо, е убеден дека и покрај тоа што има 38 години и игра во Саудиска Арабија, уште долго ќе го носи дресот со националните бои.

Искусниот играч на Ал Наср беше дел од репрезентацијата на ЕУРО 2024 квалификацискиот натпревар против Босна и Херцеговина (3:0), а би требало и вечерва да игра против Исланд.

„Тоа што играм во Саудиска Арабија не влијае на мојотс статус во националниот тим. Всушност, гледате дека сум тука и дека играм. Луѓето не знаат колку лигата во оваа земја (Саудиска Арабија) е квалитетна, тоа го покажува и фактот што голем број играчи од европските клубови тргнаа по моите стапки и доаѓаат во Арабија, а верувам дека наскоро ќе ги има и повеќе“, рече Роналдо.

Некогашниот фудбалер на Манчестер Јунајтед, Реал Мадрид и Јувентус не успеа да постигне гол на дуелот со Босна и Херцеговина, но тоа не го загрижува и смета дека работите многу брзо ќе се променат.

„Верувам дека уште долго ќе игра за репрезентацијата. Се чувствувам способен за тоа, мислам дека можам да му помогнам на тимот, а тоа можете да го прашате и селекторот кој има доверба во мене. Јас ќе се трудам на тоа да му вратам со нови голови во националниот дрес. Убеден сум дека ќе ги има уште многу“, рече Роналдо.

Роналдо за Португалија игра веќе 20 години. Од своето деби во август 2003 година до сега одигра 199 натпревари и постигна 122 гола. Вечерва ќе постави голем јубилеј – 200 натпревари во дресот со националните бои.