понеделник, 18. декември 2023. Вести денес: 0
home Фудбал

Роналдо во арапска носија изведе бедуински танц со меч

Роналдо во арапска носија изведе бедуински танц со меч

Кристијано Роналдо, Стивен Џерард и другите фудбалски ѕвезди кои годинава пристигнаа во Саудиска Арабија на посебен начин го одбележаа Националниот ден на Саудиска Арабија.

Националниот ден на Саудиска Арабија се слави секоја година на 23 септември, а овојпат прославата се паѓа во викенд. Затоа фудбалските ѕвезди, кои во изминатиот период во голем број пристигнаа во оваа азиска земја, го одбележаа овој ден во слободниот период меѓу натпреварите.

Кристијано Роналдо и неговите соиграчи од Ал Наср облекоа традиционална арапска облека во снимката од две и пол минути. Роналдо е централната фигура на видеото додека го изведува традиционалниот танц Арда со своите соиграчи.

Инаку, Арда е вид на народен танц што го изведуваат бедуини од племето Наџд. Го изведуваат мажи кои носат мечеви или стапови, придружени со тапани.

Концептот на видеото е дека сите фудбалери на Ал Наср се подготвуваат за овој национален ден, па Отавио оди на фризер за да направи посебна фризура за националниот празник. Во видеото се појавуваат и други ѕвезди како Марсело Брозовиќ и Садио Мане.

Фотографија во национална носија објави и тренерот на Ал-Етифак, Стивен Џерард. Инаку, Роналдо синоќа постигна два гола на дербито меѓу Ал Наср и Ал Ахли и му донесе победа на домаќинот од 4:3.