среда, 13. декември 2023. Вести денес: 0
home Фудбал

Роналдо: Возбуден сум, визијата на Ал Наср е многу инспиративна

Роналдо: Возбуден сум, визијата на Ал Наср е многу инспиративна

Кристијано Роналдо донесе одлука за новиот чекор во кариерата, одлука која го носи надвор од Европа и тоа во Саудиска Арабија каде ќе го носи дресот на Ал Наср.

Веќе некое време се најавуваше оваа зделка за да сега конечно добиеме официјализација на истата со Роналдо и дресот со број седум.

Напаѓачот „дебело“ ќе го наплати овој договор со клубот од Ријад, но дефинитивно со ова ќе падне во втор план затоа што нема повеќе да биде во фокусот затоа што не е исто да играш во Европа, најдобрите клубови, натпреварувања и да настапуваш на Блискиот Исток. Сепак Португалецот е задоволен од тоа што го има на маса и најдобар доказ за тоа е првата изјава, порака по потврдата на трансферот.

-Возбуден сум поради новото искуство во различна лига и друга земја, визијата што ја има Ал Наср е многу инспиративна. Многу сум возбуден што ќе им се придружам на моите соиграчи и ќе му помогнам на тимот да постигне повеќе успех, -рече некогашниот ас на Манчестер Јунајтед, Јувентус, Реал Мадрид и Спортинг.