Клубовите од Саудиска Арабија направија вистински „бум“ на трансфер пазарот, а следната ѕвезда која ја сакаат во своите редови да ја видат е сенегалскиот фудбалер Садио Мане.
Мане е незадоволен во Германија, не се снајде најдобро во Баерн Минхен и после само една година може да го напушти клубот.
Баерн го ставил Сенегалецот на трансфер листа и Баварците исто така сакаат да се ослободат од Мане, кој има голема плата.