Напаѓачот на Атлетико Мадрид, Диего Коста се однесувал непрофесионално и срамно после натпреварот со Ливерпул во кој неговиот тим после продолжувањето изборил четирифинале на Лига на шампионите.
После мечот, новинарите посакале да го слушнат неговиот впечаток од мечот, веројатно и да го прашаат за тоа зошто не се поздравил со тренерот, но тој применил срамна тактика.
Кашлал во правец на новинарите кои го повикале за изјава и минал низ микс зоната, правејќи пародија поради општата паника во светот поради коронавирусот.
This guy has always been nuts. Imagine coughing at reporters after the game. ? pic.twitter.com/JVy5iQqczE
— Football Tweet (@Football__Tweet) March 12, 2020