Напаѓачот на Ливерпул Мохамед Салах е прогласен за најдобар фудбалер на сезоната во Премиер лигата во традиционалната анкета на Фудбалската асоцијација (FWA).
Ова е вторпат наградата за најдобар во изборот на англиските новинари да заврши во рацете на ѕвездата на „црвените“. Истата награда ја доби во 2018 година.
Салах во анкетата собра 48% од гласовите. На второто место според гласовите е играчот од средниот ред на Манчестер Сити, Кевин Де Брујне, а трет е Деклан Рајс, играчот од средниот ред на Вест Хем. Салах оваа сезона постигна 30 гола и собра 14 асистенции на 44 натпревари во сите натпреварувања.