Спортскиот директор на Баерн Минхен, Хасан Салихамиџиќ, изјави оти очекува навивачите на германскиот првак да не го исвиркуваат напаѓачот на Барселона, Роберт Левандовски, кога полскиот напаѓач ќе се врати во Минхен утрешниот дуел меѓу двата клуба во рамки на второто коло во Лигата на шампиони.
Левандовски во летниот преоден рок направи трансфер од Баерн во Барселона, откако за клубот од Минхен одигра 375 натпревари на кои постигна 344 голови.
-Како ќе биде дочекан Левандовски? Роберт со нас освои сè што можеше да освои. Навивачите тоа го ценат. Јас не би го исвиркувал, рече Салихамиџиќ.
Полскиот напаѓач сезонава во дресот на Барселона постигна девет голови на шест натпревари. (МИА)