Португалскиот селектор Фернандо Сантош на прес-конференцијата, пред мечот против Македонија за пласман на Мундијалот во Катар, кажа дека воопшто нема да биде лесно за неговите репрезентативци.
Португалија ја има предноста на домашен терен и големиот број навивачи кои ќе бидат на трибините, но и Италија имаше нешто слично во Палермо, па на крајот загуби со 0-1.
„Ги анализираме и другите натпревари на Македонија, не само последниот против Италија. Го гледавме и мечот против Германија на кој успеаа да слават. Тие имаат квалитетни фудбалери, посебно Елиф ЕЛмас. Ова е меч на живот и смрт за нив, исто е и за нас. За да победиме ни треба многу креативност, страст и интензитет“, кажа Сантош.