четврток, 9. ноември 2023. Вести денес: 0
home Фудбал

Се смеам, а ми се плаче: Урнебесна реакција на Гвардиола по паненката на Бензема (ВИДЕО)

Се смеам, а ми се плаче: Урнебесна реакција на Гвардиола по паненката на Бензема (ВИДЕО)

Синоќа Манчестер Сити го победи Реал Мадрид со 4:3 во првиот полуфинален натпревар од Лигата на шампионите на домашен терен.

Веројатно најдобриот натпревар сезонава го гледавме на „Етихад“, на кој видовме дури седум гола, а тоа ни гарантира спектакл на реваншот што ќе се игра за седум дена во Мадрид.

Во Манчестер Сити сигурно може да жалат за резултатите иако победија, но свесни се дека оваа победа можеше да биде многу поубедлива.

Граѓаните водеа со 4:2 на крајот од мечот и се чинеше дека Реал овојпат не може да се врати во игра, но потоа гостите успеаја да извојуваат пенал од речиси безопасна ситуација.

Топката на белата точка ја стави Карим Бензема, кој промаши два пенали против Осасуна во текот на викендот, но тоа не ја разниша неговата самодоверба да изведе пенал на ваков натпревар.

За работите да бидат поинтересни, Бензема се реши за паненка и погоди за 4:3. На Твитер се појави и реакцијата на Пеп Гвардиола по голот на Бензема.

Шпанецот едноставно мораше да се смее по таква мајсторија, а потоа се фати за глава бидејќи беше свесен дека резултатот 4:3 не ја отсликува ситуацијата на теренот и сите прилики што неговиот тим ги пропушти.