среда, 29. ноември 2023. Вести денес: 0
home Фудбал

Се знае кој е главна ѕвезда во Бразил: Ришарлисон го тргна Фред од местото на Нејмар (ВИДЕО)

Се знае кој е главна ѕвезда во Бразил: Ришарлисон го тргна Фред од местото на Нејмар (ВИДЕО)

Бразил важи за селекција која според многу луѓе, но и според обложувалниците е прв фаворит за трофејот во Катар.

Популарните „кариоки“ веќе две децении се без пехар на светските шампионати, односно сега имаат тим кој може да ја врати популарната „божица“ на местото каде фудбалот е како религија. Токму Бразилците направија една фотографија, тимски потрет пред почетокот на Мундијалот при што бевме сведоци на една комична ситуација.

Фред си фатил место и тоа точно на средина, а тоа го забележа Ришарлисон кој го тргна од таа позиција или во случајот му го исчисти патот на главната ѕвезда-Нејмар.