Новиот селектор на португалската фудбалска репрезентација Роберто Мартинез наскоро ќе се сретне со напаѓачот на Ал-Наср, Кристијано Роналдо.
Како што објави „Maisfutebol“, Мартинез веќе одржал неколку состаноци со португалските фудбалери: Тиери Кореја, Андре Алмеида, Руј Силва и Вилијам Карваљо. Во блиска иднина Мартинез ќе се сретне со Роналдо.
На 9 јануари, Роберто Мартинез беше назначен на функцијата селектор на португалската репрезентација. На оваа функција тој го замени Фернандо Сантос.
Триесет и седумгодишниот Роналдо дебитираше за националниот тим во 2003 година на мечот против Казахстан. Вкупно за португалската репрезентација одигра 196 натпревари, постигна 118 гола и оствари 43 асистенции.