четврток, 9. ноември 2023. Вести денес: 0
home Фудбал

Сестрата на Роналдо удри по својот народ по лошиот меч на фудбалерот – Португалците се болни, бездушни, глупави и неблагодарни! (ФОТО)

Сестрата на Роналдо удри по својот народ по лошиот меч на фудбалерот – Португалците се болни, бездушни, глупави и неблагодарни! (ФОТО)

Кристијано Роналдо е во лоша форма, па е мета на критики и во Португалија, а тие се зголемија по поразот од Шпанија од 1-0.

Дел од португалските медиуми и многу од фановите бараа Роналдо да биде седнат на клупата за дуелот со Шпанија затоа што не е во добра форма, но селекторот одлучи да го игра.

Роналдо повторно имаше бледа партија, по што критиките станаа уште пожестоки.

На социјалните мрежи се јави неговата сестра, Катја Авеиро која традиционално го брани кога ќе има напад врз него.

Овојпат таа ги нападна Португалците кои го критикуваат Роналдо.

„Португалците плукаат од чинијата од која јадат. Ги били тоа што некој почнал од ништо Португалците се болни, бездушни, глупави и неблагодарни“, напиша сестрата на Роналдо.