четврток, 4. јануари 2024. Вести денес: 0
home Фудбал

Северен Лондон и натаму е обоен во боите на Арсенал

Северен Лондон и натаму е обоен во боите на Арсенал

Лондонски Арсенал влегува во победничка серија, откако во денешното дерби со тотенхем  добија топчите со 3-1.

Арсенал имаше фуриозен старт на дербито, Смит Роу уште во 12. минута постигна гол за водство од 1-0.

По 15 минути игра Смит Роу овојпат беше во улога на асистент му додаде на Обамејанг кој реализираше за 2-0.

Веќе во 34. минута беше 3-0, Сака постигна гол за убедлива предност на Арсенал.

До крајот на мечот Тотнем преку Сон на десет минути до крајот успеа само да го ублажи поразот на 3-1.

Со овој трет последователен пораз Тотнем падна на 11. место на табелата, Арсенал има три победи по ред со кои се качи на 10. позиција.